ЗА ПРОЛЕТ ЌЕ ПОЧЕКАМЕ – СЛЕДНИОТ ПОДОЛГ ПЕРИОД И ПОНАТАМУ СО ПОТПРОСЕЧНИ ТЕМПЕРАТУРИ И СО НОВИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД И СНЕГ!

објавено на:

05 Апр 2023

од:

сподели:

Утре во утринските и раните претпладневни часови во јужните и во југозападните предели од Македонија ќе има нови врнежи кој ќе бидат претежно од СНЕГ. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет.

Потоа ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО утро и тоа поради намалувањето на облачноста ќе имаме во петок кога минималните температури на МНОГУ МЕСТА ќе се спуштат под нулата и истите ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 2 степени. Ќе има појава на УМЕРЕН мраз.

Краткотрајно стабилизирање на времето ќе имаме во петок, додека за време на викендот ќе има нови повремени врнежи од дожд на повеќе места. На планините над 1300 – 1400 м.н.в ќе има нови врнежи од СНЕГ.

Максималните дневни температури и понатаму ќе бидат под просекот за овој период од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени во најтоплите централни и југоисточни предели од државава. Исто така утре особено Долж Повардарието ќе дува повремено ЗАСИЛЕН ветер од северен правец.

Во Скопје и околината очекуваме посуво време, додека нови повремени врнежи од дожд се очекуваат од викендот. Утре ветерот од северен правец повремено ќе биде ЗАСИЛЕН на интензитет. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -3 и 1 степени, а максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 9 и 13 степени.

Според моментално достапните метео анализи, за вистинска пролет и понатаму ќе чекаме, што значи продолжува долгиот период со потпросечни температури на воздухот, но и поќести врнежи од дожд и снег.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.