СЛЕДУВААТ ВРНЕЖИ, ВО ЗОНАТА НА НЕСТАБИЛНОСТ ГРМЕЖИ И ЗАСИЛЕН ВЕТЕР – ЛОКАЛНО!

објавено на:

16 Апр 2023

од:

сподели:

Во следниот период територијата на Македонија ќе биде под влијание на серија на влажни воздушни бранови од запад, како и на нестабилна облачна маса. Ќе има повремени врнежи од дожд.

Локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи, како и со засилен ветер во зоната на нестабилност. На највисоките планински места повремено ќе има врнежи од СНЕГ.

Во Скопје и околината исто така ќе има повремени врнежи од дожд. Повремено во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни и проследени со засилен ветер, како и со услови за појава на грмежи.

Температурите во следните неколку денови ќе останат пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени, додека потоа ќе бележат тенденција на пораст.

На самиот крај од овој месец би можеле да имаме вистинско пролетно време со типични температури за овој период од годината.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.