ПО НАЈАВЕНИТЕ НОВИ ДОЖДОВИ И СНЕГОВИ НА ПЛАНИНИТЕ – ОД ВТОРНИК СТАБИЛИЗИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО И ВИСТИНСКИ ПРОЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ!

објавено на:

08 Апр 2023

од:

сподели:

Во текот на претстојната ноќ, а особено утре на повеќе места во Македонија ќе има повремени врнежи од дожд и истите локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ (над 20 л/м2).  На планините над 1300 – 1400 м.н.в ќе има врнежи од СНЕГ.

Во следниот период ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец, и истиот повремено ќе ЗАСИЛУВА на интензитет. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 15 степени.

Во Скопје и околината исто така утре се очекуваат повремени врнежи од дожд. Ќе дува северен ветер и истиот повремено ќе засилува на интензитет.

Локален дожд и снег на планините ќе има и во понеделник.

Веќе од вторник па натаму следува СТАБИЛНО и СУВО време со МНОГУ ПОВЕЌЕ сонце. Исто така од средината на следната седмица и температурите ќе бидат ПРОЛЕТНИ и речиси насекаде ќе се искачуваат над 15 степени, а во централните и во југоисточните предели и над 20 степени.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.