ОСОБЕНО ИНТЕНЗИВНИТЕ ДОЖДОВИ И ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ ДОАЃААТ ЗА МНОГУ СКОРО ВРЕМЕ – ПОСТОИ ОПАСНОСТ ОД НОВИ ПОПЛАВИ!

објавено на:

14 Јун 2023

од:

сподели:

Под влијание на циклонска активност од запад, особено од утре (четврток), па до крајот на оваа седмица насекаде низ Македонија ќе има врнежи од дожд, грмежи и повремено засилен ветер.

Локално ќе има појава на ПОИЗРАЗЕНО НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.  Локално ќе наврне ГОЛЕМО количество на воден талог (над 60 л/м2). Постои опасност од локални ПОПЛАВИ, како и излевање на некои од помалите реки низ државава.

Апелираме, граѓаните во случај на појава на НЕВРЕМЕ да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ, и секако да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја во случај на појава на електрични празнења.

Во Скопје исто така ќе има ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд, а можна е и појава на НЕВРЕМЕ, како и на локални поплавувања во делови од котлината.

Температурите се до крајот на оваа недела нема многу да се менуваат во споредба од оние кои ги имаме сега, и покрај тоа што малку истите ќе бидат пониски.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.