ОФИЦИЈАЛНА ПРОГНОЗА ЗА ВЕЛИГДЕН: ДОСТА НЕСТАБИЛНО И СО ПОЧЕСТИ ВРНЕЖИ – МОЖНО Е ЛОКАЛНО НЕВРЕМЕ!

објавено на:

12 Апр 2023

од:

сподели:

Под влијание на Фронтален систем од запад, во петок, како и за време на најголемиот Христијански празник, Вовсресение Христово – Велигден , времето во Македонија ќе биде доста нестабилно, на повеќе места со попладневен пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност. Повремени врнежи ќе има и во претпладневните часови.

Поради повремениот пад на температурите , ќе се создаваат услови за повремени врнежи од СНЕГ  на високите планини.

Можна е појава на локално НЕВРЕМЕ, проследено со силен ветер, електрични празнења и локална појава на град,.

Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 6 и 17 степени во најтоплите централни и југоисточни предели.

И во Скопскиот регион ќе има повремени врнежи од дожд и истите повремено ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. Температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 16 и 20 степени само утре, а потоа температурата повторно ќе биде пониска.

Барем одега гледано, нема на видик долготрајна стабилизација на времето и високи пролетни температури, што значи дека продолжува доста променливото време, со почести врнежи.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.