НЕМА ВО НАЈАВА НИКАКВА СТАБИЛИЗАЦИЈА НА ВРЕМЕТО – ЧЕСТИТЕ ДОЖДОВИ И ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ ПРОДОЛЖУВААТ!

објавено на:

01 Јун 2023

од:

сподели:

Под влијание на ГОЛЕМА влажна и нестабилна воздушна маса од југоисток, и во следните десет денови времето во Македонија ќе биде МНОГУ НЕСТАБИЛНО, во попладневните часови со честа појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради големата енергија во Атмосферата, локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ, и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со ЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог за кратко време, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Токму поради ова АПЕЛИРАМЕ граѓаните и понатаму во случај на појава на НЕВРЕМЕ  да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ.

Локално и во следните десет денови ќе наврне ГОЛЕМО количество на воден талог, со што постојат услови и за локални ПОРОЈНИ ПОПЛАВИ.

Во Скопје  и околината исто така продолжува МНОГУ НЕСТАБИЛНОТО време, со честа појава на попладневен локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на НЕВРЕМЕ во делови од котлината.

Температурите и во следните десет денови нема многу да се менуваат и ќе се искачуваат во интервалот претежно од 21 до 28 степени, а ќе има и денови кога ќе бидат малку пониски. Нема никаква најава за првиот поизразен топлотен Африкански бран, и за истиот и понатаму ќе се изначекаме.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.