НАЈПРВО КРАТКОТРАЕН ТОПЛОТЕН АФРИКАНСКИ БРАН – ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ СИЛНИ ГРМЕЖИ И НОВИ ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ!

објавено на:

19 Јун 2023

од:

сподели:

Топлотниот Африкански бран кој не зафати, нема долго да трае и истиот нема да ни донесе екстремно високи температури на воздухот. Температурите на воздухот овие денови на повеќе места ќе се искачат до околу, па и над 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе достигнат до околу 35 степени.

Меѓутоа, Атмосферата во следните денови се повеќе и повеќе ќе биде нестабилна, па најпрвин во планинските региони ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Особено МНОГУ НЕСТАБИЛНО повторно ќе биде за време на викендот и на многу места ќе има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради МНОГУ ЗАГРЕАНАТА Атмосфера, и исполнета со МНОГУ ЕНЕРГИЈА, на повеќе места ќе има појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, ГОЛЕМО количество на воден талог за кратко време, силен ветер, силни и чести електрични прзнења, како и со појава на град  (дури можно е истиот да биде од поголема величина).

Да напоменеме дека за време на викендот повторно постои опасност од појава на ЛОКАЛНИ ПОПЛАВИ, како и излевање на некои од реките низ Македонија.

Ако вака останат работите, за време на викендот ќе биде особено КРИТИЧНО, БУДНО се следи состојбата и развојот на времето, денес следуваат најнови информации околу ова ново ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ кое доаѓа за време на викендот.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.