НАЈНОВО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: НИ СЕ ПРИБЛИЖУВА СТРАШНО НЕВРЕМЕ И ПОПЛАВИ!

објавено на:

11 Јун 2023

од:

сподели:

Во следните часови опасност од појава на ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ, како и на ГОЛЕМИ ПОРОЈНИ ПОПЛАВИ има во централниот дел од Македонија. Локално НЕВРЕМЕ се очекува и во другите делови од Македонија.

За кратко време и тоа со појавата на НЕВРЕМЕ ќе наврнат дури над 20 л/м2 водел талог, а невремето кое се очекува во Македонија ќе биде проследено и со ОЛУЕН ВЕТЕР, силни електрични празнења, како и со појава на град.

Опасност од појава на НЕВРЕМЕ и локални поројни поплави постои и во делови од Скопската котлина.

АПЕЛИРАМЕ граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ во случај на појава на НЕВРЕМЕ. 

Поради очекуваните интензивни врнежи од дожд, во следните десет денови се очекува зголемување на нивоата на реките и на езерата во Македонија, дури можно е и излевање на некои од помалите реки.

Територијата на Македонија, како и на целиот регион оваа седмица ќе биде под влијание на Средоземен циклон, и истиот ќе направи МНОГУ ПРОБЛЕМИ во Македонија, и насекаде низ регионот.

Ова лето врнежите ќе ни прават МНОГУ ПРОБЛЕМИ, со што се можни и КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ.

Температурите во следните неколку денови ќе бележат тенденција на ПАД, и тоа поради продор на посвежа воздушна маса од север. За првиот изразен топлотен Африкански бран и понатаму ќе се изначекаме, и истиот го нема на видик.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.