НАЈНОВА МЕТЕО АНАЛИЗА: ДО 15 МАЈ НЕ ОЧЕКУВАЈТЕ ПРОДОР НА АФРИКАНСКА ТОПЛИНА ВО МАКЕДОНИЈА! ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ БИДАТ ПОНИСКИ ОД ВООБИЧАЕНИТЕ!

објавено на:

30 Апр 2023

од:

сподели:

Во текот на новата седмица која е пред нас, времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.  Повремено и локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, а можна е и ретка појава на грмежи.

На највисоките планински врвови во западните и во северозападните предели од Македонија повремено ќе провејува и СНЕГ.

Во следниот период ќе дува и умерен, а особено Долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Температурите повторно ќе бидат ПОНИСКИ од просечните, односно ќе биде посвежо од вообичаеното за почетокот на мај и максималните дневни температури на воздухот во текот на новата седмица ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени, додека повремено во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе се искачуваат и малку над 20 степени.

Во Скопје и околината исто така очекуваме многу променливо време, повремено со појава на повремен локален дожд. Ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи во интервалот помеѓу 19 и 22 степени.

За Африканска топлина во Македонија и во регионот ќе се изначекаме, што значи дека барем според последните направени анализи, до 15 мај нема на повидок продор на топол воздух од Африка, а температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината, односно ќе биде посвежо од вообичаеното.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.