МЕТЕО АНАЛИЗА ЗА ЦЕЛА ЕВРОПА: КАЈ НАС ЌЕ СТУДИ – ВО ШПАНИЈА ГО ОЧЕКУВАМЕ ПРВИОТ СИЛЕН ТОПЛОТЕН БРАН СО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 40 СТЕПЕНИ!

објавено на:

23 Апр 2023

од:

сподели:

Додека ширум Европскиот Континент, Балканот, вклучувајќи ја и Македонија во текот на следната седмица повторно очекуваме температури кој ќе бидат под просекот за овој период од годината и врнежливо време, а на планините очекуваме и нов снег, во Шпанија  ќе пристигне и првиот изразен топол Африкански бран за оваа сезона.

Шпанија следната седмица ќе биде зафатена од СИЛЕН ТОПЛОТЕН бран од Африка и ќе услови невообичаено високи температури на воздухот.

Во многу предели од оваа држава температурите ќе надминуваат 30 степени, додека понекаде истите ќе достигнуваат дури и до близу 40 степени.

На следната нумеричка карта можете да ги погледнете очекуваните највисоки температури во Шпанија за време на изразениот топлотен Африкански бран во текот на следната седмица:

 

Најизразен овој топлотен бран ќе биде на југот од Шпанија.

Ние во нашиот дел од Европа ќе си почекаме за вакви температури. Нема најава за Африканска топлина, барем според последните направени анализи.

Според оваа карта, најголем дел од Европа и Балканот следната седмица ќе имаат студено време, особено наутро кога се очекува и појава на мраз и тоа околу 26/27 април. Ќе биде присутен и северниот ветер, кој повремено ќе биде и ЗАСИЛЕН на интензитет.

Барем одсега гледано, и за прво мајските празници ќе имаме многу нестабилно време со чести врнежи.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.