ФРОНТАЛЕН СИСТЕМ ОД ЗАПАД НИ НОСИ НЕВРЕМЕ! – ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА ЗА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ ВРНЕЖЛИВО!

објавено на:

13 Апр 2023

од:

сподели:

Под влијание на Фронтален систем од запад, и на серија на влажни воздушни бранови, од утре па за време на најголемиот Христијански празник, Воскресени Христово – Велигден во Македонија ќе има честа појава на врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат ПОРОЈНИ и проследени со силен втер, грмежи а има услови овие процеси да бидат застапени и во форма на НЕВРЕМЕ. Ќе има услови и за локална појава на град.

Утре ветерот локално ќе достигнува брзина од над 70 км/час и ќе биде од јужен и од југозападен правец. Токму поради ова препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ. Исто така утре на високите планини ќе има и врнежи од СНЕГ. Температурите ќе бележат тенденција на опаѓање и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени. Во најтоплите централни и југоисточни предели температурата ќе се искачи до 20 степени.

Во Скопје и околината исто така од утре па во следните денови ќе има честа појава на врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат ПОРОЈНИ и проследени со ЗАСИЛЕН ветер, а можна е и појава на грмежи. Температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 16 и 18 степени.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.