ДОАЃА ПЕРИОД НА УШТЕ ПОТОПЛО ВРЕМЕ, НО И ПОНАТАМУ ЌЕ БИДЕ ПРОМЕНЛИВО И НЕСТАБИЛНО!

објавено на:

18 Апр 2023

од:

сподели:

Продолжува периодот на променливо облачно време во Македонија со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од променлив правец.

Во попладневните и во вечерните часови ќе има повеќе облачност и ќе има повремени локални врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат ПОРОЈНИ и проследени со појава на грмежи, засилување на ветерот а има услови и за ретка појава на град.

Во Скопје исто така ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината во попладневните и во вечерните часови ќе има услови за повремен дожд, ретки грмежи како и со засилување на ветерот во зоната на нестабилност.

Температурите ќе бележат тенденција на постепен пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 21 степен, додека во централните и во југоисточните предели во петок, како и за време на викендот температурите ќе достнигнат до 25 степени, локално и до 26, 27 степени.

Како што најавивме, доаѓа период на уште потопло, но и понатаму променливо време.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.